Нема едноминутно молчење за жртвите во Истанбул

0
229

Европската фудбалска унија (УЕФА), односно нејзините челници си постигнаа авто гол, откако решија дека нема со едноминутно молчење да им изразат потчит на жртвите во терористичкиот напад врз аеродрмото „Ататуртк“ во Истанбул.

Бомбаши самоубијци, во вторникот усмртија 41 лице, а стотици беа ранети, но УЕФА со бизарно објаснување го одби предлогот пред почетокот на четвтрфиналниот меч меѓу Португалија и Полска да им се изрази потчит на загинатите.

„УЕФА смета дека почит на жртвите им се изразува кога настанот е поврзан со фудбалот, земјата домаќин или државата чија репрезентација сé уште е на Европското првенство“, се вели во соопштението.

Очигледно некој во УЕФА заборавил дека Турција до пред пет дена учествуваше на Европското првенство, коментираат медиумите.

За разлика од УЕФА, чиј потег наиде на осуда, Англичаните решија во знак на поддршка на Турција, над комплексот во Вимблдон да засветат илјада црвени сијалички./крај/мф/нц