Нема евра на битолскиот менувачки пазар

0
1843

Поскапе еврото.Oд менувачницата Ива Ди во Битола велат дека во изминатите три дена побарувачката на еврото е зголемана , а зголемена била и побарувачката на останатите валути. Од таму објаснуваат дека  иако  пред празници секогаш имало одредена поголема побарувачка за девизи,  граѓаните сега почнале да купуваат повеќе евра откако почнале протестите и се влошила политичката клима.

-Зголемена е побарувачката на еврото откако започнаа протестите. Тоа се должи на политичката криза. Секогаш пред празници имало зголемена побарувачка но сега има и недосњтаток на евра. Кога ќе им кажеме на граѓаните дека нема револтирано излегуват од нашата менувачница, изјави Мери Кондинска, од менувачница Ива -Ди од Битола

Граѓаните пак поделени во мислењето околу прашањето дали ќе има девалвација на денарот со оглед на политичката криза

Гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов  вели дека нема да има девалвација на денарот

Девалвација на денарот не е можна. Народната банка на Република Македонија е подготвена со сите инструменти што ѝ се на располагање да ја задржи стабилноста на девизниот курс и да се спротистави на сите шпекулации кои што беа креирани во последниот период, вели Богов

Во 19 години историја на спроведување на стратегија на фиксен девизен курс, имало поизразени шокови како оние од 2001 година и 2009 година, кога државата беше соочена со безбедносен конфликт и светска финансиска и економска криза. Во 2001 година и во 2009 година извозот на стоки и услуги забележа поизразено годишно намалување, додека беше зголемена и склоноста на населението за девизна готовина и девизно штедење. Воедно, и 2015 година беше исклучително неизвесна година, а имаше комбинација од два изразени шока, политичка нестабилност и влијание од грчката криза врз домашните банки. Во сите овие години, стабилноста на девизниот курс на денарот беше успешно задржана преку комбинација на мерки на монетарната политика и интервенции на девизниот пазар со девизните резерви. Така и сега, доколку се јави потреба, Народната банка е подготвена да преземе мерки со цел стабилизација на курсот“.