Нема истрага за американското шпионирање на мобилниот на Меркел

0
161

Германското сојузно државно обвинителство објави во петокот дека се откажува од истрагата за американското шпионирање на мобилниот телефон на германската канцеларка Ангела Меркел.

Државното обвинителство во градот Карслруе, се откажало од истрагата бидејќи обвиненијата „не можат законски да се докажат во рамките на кривичната постапка“, се наведува во соопштението.

Германското правосудство на почетокот од јуни најави започнување на истрагата против непознат извршител поради прислушување и работење во позла на странска разузнавачка служба.

Германската јавност силно беше разбранувана и гневна откако во летото 2013 година неколку германски весници објавија документи кои потекнуваат од поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност (NSA), Едвард Сноуден за масовното следење на електронските комуникации и телефонските разговори во целиот свет, па дури и во Германија, вклучително и мобилниот телефон на германската канцеларка Англеа Меркел во текот ан десет години.

Скандалот, на кој се надоврзаа и германските сознанија за службеници на германското разузнавање врбувани да работат во полза на американските служби, ги разниша американско-германските односи, кои се сметаат за многу блиски, особено последните години. „Шпионирањето меѓу пријателите воопшто не е во ред“, изјави тогаш Меркел.

Американскиот претседател Барак Обама, кој според документите од Сноуден знаел повеќе години за прислушувањето на германската канцеларка, ја исклучи можноста од натамошно прислушување на Меркел, што според германските медиуми значењше дека всушнсот признал дека тоа се случило.