Нема листи за членови на избирачките одбори

0
545

Ниту една од политичките партии не достави листа со предлози за членови на избирачките одбори не информираа од Општинската изборна комисија во Битола

Рокот за доставување истече синоќа на полноќ

– До синоќа до 12 часот на полноќ никој од политичките партии не достави листа со предлози за членови на избирачките одбори, изјави Зоран Насев претседател на ОИК-Битола

Само ВМРО ДПНЕ поднесе листа за членови на избирачки одбори до државната изборна комисија.

Од таму информираат дека од 10 те општински изборни  комисии пристигнало известување дека до полноќ не биле доставени други листи од останатите партии за избирачки одбори.

Тоа значи дека ниту ДУИ ниту ДПА не поднесоа листи, а СДСМ уште претходно најави дека ќе ги бојкотира изборите.

Доколку изборите се одржат на 5 јуни, а партиите не достават предлози, според законот членовите во избирачките одбори се пополнуваат од редовите на администрацијата.