Нема митинзи, само средби со граѓани

0
787

Иако досегашните изборни процеси беа со полна пареа и агресивно рекламирање, за престојните парламентарни избори ВМРО ДПМНЕ изборната кампања ќе ја почне на терен со лични контакти и средби со граѓаните.

Ваквиот старт на изборната кампања велат од партијата е поради политичката состојба иако не откриваат кои места ќе бидат на изборната агендата.
Заради ситуацијата нема да почнуваме како и досега со митинзи. Ќе одиме на директна комуникација со граѓаните- вели партискиот портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Иво Котевски.