Нема настрадани во силната експлозија во американска воена база во Јапонија

0
1641

Одекна експлозија и потоа избувна пожар во складиште во една воена база на американската армија во Јапонија недалеку од главниот град Токио ноќта меѓу неделата и понеделникот и притоа нема повредени, потврди Пентагон.
Претходно јапонската новинска агенција Kyodo објави дека силна експлозија одекнала во американската база во јапонскиот град Сагамихари, по што избил пожар. Експлозијата, според агенцијата се случила во магацините за логистика на воениот објект. На местото на пожарот работата пожарникари, коишто, исто така, соопштија дека во инцидентот нема повредени. Причината за експлозијата се утврдува.

Според локалните власти, складиштата биле користени за материјална поддршка на американската воена база.

Портпаролот на американското министерство за одбрана за AFP потврдил дека се случила „експлозија која одекнала кусо по полноќ по јапонско време во зграда на американската војска во градот Сагамихари, 40 километри југозападно од Токио“. Во соопштението прецизирал дека пожарникарите и натаму се борат со огнот и се обидуваат да го спречат неговото ширење на околните згради.

Пентагон одбил да изнесе никакви поединости за карактерот и потеклото на експлозијата. Американските вооружени сили имаат неколку воени бази во Јапонија, во коишто се распоредени околу 47.000 војници.

Новинарот на израелската телевизија Channel 1, Амичај Штајн објави на Twitter фотографии и видео од експлозијата која го осветлила со пламените јазици ноќното небо над градот. /крај/мф/сн