Нема нови случаи на ХИВ-Сида во Битола

0
554

Во Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар нема ново регистрирани лица заболени од хив сида. Спотред официјалните податоци добиени од институтот за јавно здравје во Скопје, од обработени 35 пријави заболени од хив сида се 33 лица. Од тие 33 лица 9 лица се со сида заболени а 26 се само хив позитивни

Според податоците од институтот за јавно здравје од 1987 до 2016 година вкупно се регистрирани 310 лица со хив сида. Од нив 250 се од машки пол , а 53 жени. Денес во Македонија живеат 227 лица со хив сида, од нив 179 се заболени од сида а 131 лице се хив позитивни

– Во Битола моментално има 8 лица, од нив 4 се хив позитивни , 4 заболени а од тие двајца се умрени, што значи има 6 лица

Во 2014 година биле регистирани 45 случаи, а во 2015 година – 32 случаи со ХИВ инфекција.

Новите случаи на заразени со ХИВ вирусот меѓу тинејџерите може да се зголеми за 60 отсто и да достигнат бројка од 400 илјади годишно во 2030 година, доколку не се забрза темпото за преземање мерки врз оваа ранлива група од населението, се наведува во извештај на УНИЦЕФ.
Во документот, чие објавување се совпаѓа со Светскиот ден за борба против сидата, кој се одбележува денеска, се нагласува дека поради демографските тенденции, вклучувајќи го и зголемувањето на бројот на тинејџерите, бројот на заразени со ХИВ меѓу младите луѓе на возраст меѓу 15 и 19 години може речиси двојно да се зголеми во однос на 250 илјади случаи, регистрирани во 2015 година.
– Доколку напредокот во работата со таа група се забави, последиците може да се покажат како катастрофални -нагласија од УНИЦЕФ и предупредија дека парите кои се даваат за борба против сидата се намалени од 2014 година.

Инаку денеска во Основното училиште СВ.Климент Охридски во Битола се одржа работилница, каде беа презентирани ликовните цртежи кои што ги направиле учениците на тема Без дискриминација во превенцијата на сидата,. Најдобрите творби беа наградени