Нема одговор од Кривичниот суд на барањата на СЈО за мерки на претпазливост за осомничените во „Трезор“

0
382

Вчера Специјалното јавно обвинителство поднесе предлог за преземање на мерки на претпазливост, за едно лице притвор и одземање на пасошот за три лица, сите осомничени во случајот „Трезор”, но одговор од Основниот суд Скопје 1 нема.

Освен тоа, за истиот случај СЈО предложи и замрзнување на имотот на фирмата „Финзи“ ДООЕЛ Скопје. Во „Трезор“ четири лица од МВР, тројца од УБК и едно од министерството, се осомничени дека го оштетиле буџетот за 862.000 евра.
Вчера ниту еден судија по претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 не ги повика осомничените и не одговори на предлогот на СЈО, иако, според законот, тоа треба да биде сторено без одлагање. Потоа, откако осомничениот ќе биде повикан на разговор, рокот за решение е 6 часа.

Без коментари

LEAVE A REPLY