Нема опасност од поплави во Пелагонија

0
543

Се преземаат сите неопходни мерки за заштита од евентуални поплави велат од Центарот за управување со кризи  во Битола, по вчерашните наврнати 10 литри дожд на метар квадратен и по најавата од УХМР дека утре и во четврток се очекува да наврнат од 20 до 50 литри дожд на метар квадратен

-Проблеми со толкава количина на дожд ние нема да имаме. Праксата тоа и го има докажано, со исклучок на минатата година кога се работеше за енормно големи количини на дожд, всушност тоа беа води кои што во изминатите 50 години не беа запаметени. Санирани се сите насипи на река Црна и  примарните канали во Пелагонија кои се вкупно 14 и отстранета е вегетацијата по скоро цело течение на реката која што го оневозможуваше протокот на водата дури до 40%, изјави Димче Јошевски, раководител на ЦУК-Битола

Оваа година за среќа количините на врнежи од дожд опаднаа и се просечни, така што не стравуваме од поплави,  вели Јошевски

-Во координација сме со Хидро системот Стрежево околу испуштање на водата. Акомулацијата на езерото е само две третини полна и се пушта вода за потребите на индустријата за Хидро-Централата и за функционирање на биолошкиот минимум на река Шемница ,рече Јошевски

Моментално по втор пат годинава се чистеле 10- тиот и 13-тиот канал .