Нема опасност од поплави

0
462

Денеска нивото на водата на река Црна е нешто под 180 сантиметри а критчното ниво е 400 сантиметри. Како што информираат од Дирекцијата за заштита во Битола велат дека овај дожд кој што деновиве ја зафати Пелагонија е незначителен, бидејќи почвата била сува и можела да апорбира уште вода
crna-reka-2
-Овај воден талог е незначителен во однос на капацитетот што може да го апсорбираат каналите и реките во Пелагониско поле. Деновиве наврнаа над 50 литри дожд на метар квадратен но почвата беше сува и водата ја апорбира, а и водостојот на реките е многу низок. Минатата година после санирањето на Река Црна и чистењето од крупната вегетација, тестиран е системот за дури 80 литри од метар квадратен. Нема место за паника и нема простор за излевање на Река Црна, изјави Димче Јошевски директор на дирекцијата за заштита

crna-reka-3

Годинава покрај тоа што се изврши санација на коритото на река црна, ЈП Битолско поле ги исчисти и Велушка Река , Бистричка Река, дел од Река Шемница и делови од петиот канал.

crna-reka-4
Инаку според информациите од УХМР ваквото променливо време ќе остане и во текот на утрешниот ден кога на места се очекува пороен дожд и локална појава на грмежи. Минималната температура ќе се движи од 10 до 17, а максималната од 22 до 28 степени. УВ ќе биде 5.
До понеделник ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди , во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. За време на
викендот се очекува врнежите да бидат поретки ,  а повеќе врнежи се очекуваат во понеделник . Од вторник ќе настапи стабилизирање на времето.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY