Нема опасност од терористички напади во земјава

0
304

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски,  оцени дека во моментов безбедносната состојба е стабилна и нема опасност од такви настани. „Превентивно го подигнавме нивото на безбедност во Република Македонија, со цел да превенираме можен терористички напад. Постојано имаме информации што ги добиваме и од пријателските служби и од нашите внатрешни служби. Сите податоци се анализираат во функција да ја зачуваме безбедноста. За секој податок што ќе го добиеме се вршат оперативни проверки“, изјави Спасовски, во врска со информациите кои се појавија во медиумите дека седумчлена група опасни борци на ИСИС, по враќањето од Сирија, нашле засолниште во околината на Скопје.

Министерот за внатрешни работи изјави дека двојното убиство во Грчец е удар врз стабилноста.