Нема поевтина цена за лебот во Битола

0
762

Во Битола цената на лебот нема да се намали. Причина за ова е факото што постојната цена на лебот во градот е веќе за пет до шест денари пониска од онаа во Скопје и не постои економска оправданост за дополнително намалување-вели Мирко Велковски, Претседател на Регионалната стопанска комора во Битола. Граѓаните на Битола пак со реакција-ако може лебот да поевтини во Скопје може и во Битола.

Зголемениот увоз на евтино српско брашно го поефтини лебот во Скопје за два до пет денари, во зависност од грамажата додека во останатите градови цените најверојатно ќе се задржат на исто ниво поради како што цените таму веќе се пониски.

Ова е одлуката на членките на мелничко – пекарската групација донесена доцна синоќа. Најголемиот производител на леб во Скопје Жито Лукс најави пониска цена за 2 денари, но само на обичниот леб.

Влијание на пониската цена имала и острата и нелојална конкуренција во земјата и се поголемиот број на мали и средни пекарници кои во трката по купувачи ги намалуваат цените. Според Горан Милишиќ од Групацијата, веќе имало дампинг цени на лебот во останатите градови и најверојатно нема да има нови надолни корекции. Од групацијата велат дека поради ниските цени на српското брашно пред колапс се доведени и мелничарите и пекарите.

Врз цената директно влијаеше дампинг цената на лебот кој го произведуваат малите пекарници. Ваквите пекарски бизниси ги отвораат претежно Косовци, кои прават евтин леб од увезеното српското брашно во Македонија. Ова брашно, со сите платени трошоци за увоз и за транспорт е за три денари поевтино од македонското, кое големите комбинати го имаат како резерва“ вели Горан Малишиќ, претседател на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија во Стопанската комора на Македонија. Тие вчера паралелно со одлуката за намалување на цената на лебот, побараа субвенција од 2,5 денари за мелничарите и 2 денари за земјоделците за да се покриела разликата помеѓу производната и продажната цена на пченицата. Барање за намалување на цената на лебот дојде и од земјоделците, кои пак побараа по 2 денари субвенции од килограм пченица.

Инаку, македонското брашно се продава по цена за три денари поскапа од српското.

Оваа година поради намалени приноси во во земјава, зголемена е производната цена на пченицата за 2 денари. Со тоа продажната цена на пченицата е помала од производната. Поради тоа земјоделците бараат од Владата да ја надомести разликата со субвенции од 2 денари по килограм, за мелничката индустрија да купува пченица во жетва по пазарни цени.

Надлежното министерство пак вели дека е во комуникација со мелничката индустрија и земјоделците за ова прашање и во моментов се разгледуваат решенија за барањата.

Слични потреси во мелничко-преработувачката индустрија во земјава имаше и на почетокот на 2011 година кога, Србија го поскапи своето брашно за извоз со тоа што воведе дополнителни давачки за извозниците на пченица и брашно, со што во Македонија се јави недостиг на евтиноа српска пченица која македонските мелничари веќе одамна ја преферираат пред скапата пченица од Македонија. Тогаш заканата за поскапување на лебот ја реши Владата со интервенција од стоковите резерви.

Последното поскапување на цената на лебот во Скопје се случи во 2014 година, додека тогаш цените на лебот во внатрешноста останаа на релативно исто ниво.