Нема посериозни нарушувања на јавниот ред и мир

0
285

До 13 часот не се регистрирани посериозни нарушувања и инциденти на гласачките места, велат од Министерството за внатрешни работи.

Според МВР гласањето било прекинато на околу 20 гласачки места, но главно поради технички проблеми. Исто така во полицијата е пријавен еден случај на физичка пресметка меѓу две лица. Oд МВР велат дека тепачката не била поврзана со изборите.

„Нема посериозни нарушувања на јавниот ред и мир. Гласањето се одвива без посериозни проблеми. До овој момент регистрирано е едно нарушување на јавниот ред и мир и тоа во 10 часот на улица „Втора Македонска бригада“ во близина на ОУ “Петар Здравковски Пенко“ во скопски Бутел каде што лицата Г.Н и Г.Т. по претходна вербална расправија се обиделе физички да се пресметаат, но полицијата веднаш реагирала. Според првичните сознанија, оваа расправија не е поврзана со изборите. Гласањето на ова гласачко место сега се одвива нормално“, изјави Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Портпаролот на министерството за внатрешни работи, Тони Ангелевски на првата прес-конференција на МВР изјави дека од отворањето на гласачките места до 12 часот имало вкупно 7 пријави за делење поткуп.

Тој не откри конкретно за што се работи само кажа дека полицијата работи на случаите.