Нема повеќе отстапки за Албанците на Косово

0
266

Претседателот на Србија Томислав Николиќ оцени дека Србија не смее да им прави отстапки на косовските албанци кога станува збор за комбинатот „Трепча“ или за имотот на „Телеком“. Тој за весникот „Блиц“ изјави дека постапките на Приштина во врска со овие две претпријатија претсатвувале „грабеж и узурпација“ на кои Србија не треба да се согласи. „Некаде мора да се постави гранца“, изјави Николиќ, наведувајќи дека Белград не треба да се согласува на условувањата од Брисел.