Нема повеќе патување во Германија без виза – се враќали визниот режим за земјите од Балкан?

0
514

MIGRANTI 30TI

Нема повеќе патување во Германија без виза. Германија ќе преземе посебни активности со цел да се намали бројот на баратели на азил од земјите од Балканот, со повторно воведување на визниот режим за жителите на овие земји.Притисокот, уште повеќе е зголемен во последните неколку дена откако се случија напади во повеќе хостели за мигранти, како и поради огормниот број на баратели на азил годинава.Би- Би- Си, повикувајќи се на информациите од Германското федерално биро за миграција и бегалци,  пренесува дека откако БиХ, Македонија и Србија добија статус на „безбедни“ земји бројот на баратели на азил од овие земји бил само околу 12 отсто. Бројот на баратели на азил од Албанија, Косово и Црна Гора се зголемил за повеќе од 500 отсто.Класификацијата „безбедни“ земји, овозможува полесно депортирање на барателите на азил бидејќи е мошне потешко за апликантите да докажат дека се жрви на политичка, религиозна или етничка дискриминација.Како што наведуваат одделни медиуми, целта на ограничувањето на патувањето во Германија без виза, се должи и на фактот што голем дел од лицата кои бараат азил во Германија и некои други земји на ЕУ, како што се Франција, доаѓаат токму од Западен Балкан.Годинава, околу 220.000 лица побарале азил во Германија, а се проценува дека до крајот на 2015-та година тој број ќе порасне на 450 илјади.Дури 40 отсто од лицата кои бараат азил во Германија доаѓаат од Балканот, иако според Германија во нивната матична земја не им се нарушени правата, туку се исклучиво од економски причини. Владата на Германија пред неколку месеци рече дека секој барател на азил од Западен Балкан треба да се автоматски да се депортира од земјата, и речиси сите барања за азил беа одбиени.