Нема пречки за ослободување на Љубе Бошковски

0
577

Основниот суд Скопје 1 го извести затворот Идризово дека се исполнети сите услови за Љубе Бошковски, лидерот на партијата Обединети за Македонија, да биде пуштен на слобода три месеци пред истекот на казната затвор во процесот „Кампања“.

Според пресудата петгодишната казна затвор на Бошкоски за незаконско финансирање на изборна кампања му истекува на 6 јуни, но според Законот за извршување на санкциите директорот на установата може да го пушти на слобода три месеци порано.