Нема причини за оставка на владите

0
271

Црногорската влада врз основа на сериозна анализа го отфрли барањето на дел од опозицијата да поднесе оставка, бидејќи има полн легитимитет и продолжува со работењето, изјави премиерот Мило Ѓукановиќ.

Црногорскиот премиер појасни дека владата, како и секогаш, одговорно и промослено пристапило по барањето за оставка.

„По сериозно разгледување го отфрливме барањето бидејќи мислиме дека владата е избрана на регуларни, демократски избори, кои се оценети како такви од страна на домашни и странски набљудувачи. Оваа влада има целосен легитимитет да продолжи со работа и да обезбедува услови кои секому во Црна Гора, вклучително и на демонстрантите, ќе им овозможи слободно да го соопштат овој став, делувајќи во согласност со уставниот и правниот систем во државата“, порача Ѓукановиќ.

Според него во протестите има несомнен обид за надворешно вмешување.

„Спорна е артикулацијата на ова незадоволство. Тоа е обид спротивно на уставот и системот, насилно да се менува власта со јасна намера да се изврши ревизија на државниот курс на Црна Гора, односно да се напушти курсот на европски и евроатлански интеграции“, уверен е Ѓукановиќ.  /крај/