Нема притвор за Јанкуловска и Божиновски

0
656

Неколкучасовниот распит на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје заврши. Судот го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство за притвор.

Според Специјалното јавно обвинителство Јанкулоска е осомничена за тоа дека била дел од група која организирала изборни манипулации. И државниот секретар во Владата, Кирил Божиновски не доби притвор како што побара  Специјалното обвинителство.

Во Кривичниот суд денеска била забележана и специјалната обвинителка Фатиме Фетаи.  Досега сите осомничените за кои СЈО побара притвор се пуштени да се бранат од слобода.