Нема притвор за „Титаник“

0
539

Нема притвор за поранешниот министер Миле Јанакиески, градоначалникот на Пустец- Едмонд Темелко, поранешниот претседател од општинската изборна комисија во Центар- Коста Митровски и вработениот во полициската станица Беко- Мунир Пепиќ. Кривичниот совет  соопшти дека ги одбива жалбите од Специјалното обвинителство, бидејќи биле неосновани, но детално образложение за околностите нема.

Постапувајќи по жалбите поднесени од обвинителството советот почитувајќи го законски предвидениот рок донесе решенија кои во текот на денешниот ден беа писмено изработена и   експедирани до странките. Против овие решенија не е дозволено право на жалба, стои во соопштението на Кривичен суд.

Оваа одлука значи дека останува решението на судијата на претходна постапка, а Темелко треба да се јавува секоја недела во судот во Ресен.

Од Кривичн суд информираат дека утре ќе биде објавена одлуката дали ќе има притвор или одлуката ќе биде иста и за поранешниот министер Гордана јанкулоска, генералниот секретар на владата Кирил Божиноски, Исмет Гури и уште двајца осомничени.

Специјалното обвинителство бараше притвор за осомничените, но освен алтернативни мерки за Темелко и Гури, судот првично одлучи дека нема потреба притвор за останатите.

На таа одлука Специјалното обвинителство преку социјалните мрежи напиша дека Кривичниот суд пропуштил шанса да се запише во историјата.