Нема промена на сопственичката структура, ниту е можно фалсификување на избирачкиот материјал

0
1069

По информациите објавени на интернет дека наводно близок човек на поранешен висок државен функционер станал дел од сопственичката структура на печатницата Киро Дандаро и дека тоа значело оти ВМРО ДПМНЕ подготвува некаков фалсификат со гласачкиот материјал, денеска на прес конференција беа свикани медиумите.

„ Печатницата “Киро Дандаро“ од Битола која е една од најголемите и најсовремените на Балканот, целокупниот гласачки материјал за спроведување на изборите го подготвува од 2006 година. Софистицираната опрема и вградените безбедносни системи, не оставаат ниту најмал простор за изборни злоупотреби и печатење на вишок гласачки ливчиња“ рече генералниот директор Драги Милошевски.

– Невозоможно е во оваа фирма да се направи фалсификат на гласачки ливчиња. Како ќе го објаснам ова- ние добиваме од ДИК точна бројка на ливчиња и точно му испорачуваме, точно нумерирани за секое избирачко место. ДИК прави попис на хартијата пред почетокот на печатење, попис на хартијата после печатење, шкартот се брои и мора де се сложи до едно – рече директорот Драги Милошевски.
Тој исто така кажа дека нема никаква промена во сопствениката структура на печатницата.