Нема санкции од ЕУ, туку намалување на парите за Македонија

0
747

Владата на Република Македонија реагира на кратењето за 27 милиони евра од ИПА фондовите од Европската комисија (ЕК) и смета дека вината за ова кратење е на опозицијата.

Портпаролката на ЕК Маја Коцијанчиќ денеска потврди дека помошта за Македонија за 2016 година преку ИПА фондовите е намалена за 27 милиони евра.

Според писмената реакција на Владата, кратењето на фондовите не се санкции кон Македонија, туку намалување на доделените пари за земјата.

„Не станува збор за санкции, туку за намалување на програмските средства. Има два аспекти – внатрешен и надворешен. Внатрешниот е поврзан со фактот дека повеќе од една година лебдеше спроведувањето на избори. Во тој период институциите беа политички хендикепирани преку блокирачки механизми во неколку клучни министертства, вклучително и Министерството за финансии.

Најголемата опозициска партија своето учество во Владата не го искористи за зголемување на довербата во избирачкиот процес, како што е предвидено со договорот. Сосема спротивно, опозицијата фокусот го стави на блокирање на институциите и правење што поголема штета за државата.

Надворешниот фактор, пак, е поврзан со искуствата на Европската комисија со претходните процеси на проширување, поради што со новите инструменти се предвидени повеќе рестрикции кои ги ограничуваат обемот и областите на прилив на европски фондови“, се вели во соопштението на Владата.

Во изјавата на Коцијанчиќ се вели дека властите во Македонија немаат ниту политичка волја за исполнување на ветените реформи.

www.mkd.mk