Нема сила што може да ги пороби Русите

0
551

Руските оружнеи сили ја одржаа традиционалната голема парада во центарот на Москва и ја одбележаа 72-годишнината на советската победа над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Во парадата на Црвениот плоштад руската армија го покажа најновото оружје, вклучувајќи ја и РС-24 „јарс“, интерконтиненталната нуклеарна ракета, пишува Би-би-си.

Руските ловци, бомбардери и хеликоптери прелетаа преку плоштадот во рамки на парадата, а по него прошета и новата руска Нациоанлна гарда. Новите единици ќе бидат вооружени со модернизирани пушки АК-74М, а задача ќе им биде борбата против тероризмот и организираниот криминал.

Во големата парада учествуваа 10.000 војници и офицери, 135 оклопни возила и 71 летало.

Русија вложува милијарди долари во модернизација на војската среде растечките тензии со НАТО поради конфликтот во Украина, а парадата на Денот на победата послужи за истакнување на воената моќ пред меѓународната публика.

Рускиот претседател Владимир Путин одржа говор во кој изјави дека „никогаш не постоела сила ниту пак ќе постои сила која може да го пороби рускиот народ“.

Тој истакна и дека Русија е спремна на соработка во борбата против тероризмот, екстремизмот, неонацизмот и другите меѓународни закани.