Нема трага од урнатиот авион

0
345

Сѐ уште не се пронајдени остатоци од авионот на Еџипт Ер, изјави вториот човек на авиокомпанијата Ахмед Адел за телевизијата Си-Ен-Ен. „Потрагата продолжува“, додаде тој.

Грчките авиони кои трагаат по исчезнатиот авион ја продолжија потрагата уште рано в зори. Тие го пребаруваат морето на околу 200 морски милји јужно од островот Карпатос и околу 100 морски милји оддалеченост од египетскиот брег. Во акцијата учествува и грчка фрегата, јави грчкото радио. Покрај Грција, во потрагата учествуваат и авиони и бродови на Египет и Франција. Укажување за помош добиле и трговските бродови кои се на пат во регионот. Дека ќе помогнат најавија и САД и Велика Британија.