Нема училиште од Битола меѓу првите осум во земјава

0
432

Меѓу осумте најдобри училишта на листата која ја прави Државниот просветен инспекторат при Министерството за образование и наука, нема битолско училиште. На листата објавена на fakulteti.mk, првите осум училишта се „Љубен Лапе“ во Аеродром, „Гоце Делчев“ во Прилеп, „Браќа Миладиновци“ во село Миладиновци, „Наум Охридски” во село Булачани, Гази Баба, потоа „Кирил и Методиј“ во Велес, „Методи Патче“ во Охрид, „Ристо Јурков“ во Кочани како и училиштето „Партенија Зографски” во Скопје. Инспекторатот веќе седма година по ред го оценува квалитетот на училиштата во Македонија, а тоа го прави преку интегрална евалуација. Оценката на секое училиште се дава со темелна проверка на 7 подрачја: наставни планови и програми, постигања на учениците, учење и настава, поддршка на учениците, училиштна клима, ресурси и управување, како и раководењето со училиштето. При евалуацијата на училиштата како силна страна се зема примената на ИКТ во наставата, бројот на ученици кои учествуваат на натпревари организирани од акредитирани здруженија и зголемениот број на часови по физичко воспитување. При евалуацијата две училишта биле оценети со најниска оценка од Државниот просветен инспекторат.
Во споредбата која ја прават од инспекторатот, во 2013 година при евалуацијата на инспекциските надзори најчесто како недостатоци се јавувале традиционална настава, недоволно користење на ИКТ во наставниот процес, несоодветен наставен кадар, а четири отсто од наставниците не доставиле планирања до раководниот кадар на училиштето.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY