Нема услови за избори

0
375

Сите ние заедно, без разлика на политичка, национална или на друга определба, го креваме својот глас во име на демократијата, или Груевски или Македонија. Сите знаат дека нема услови за избори, рече на прес-конференција лидерот на СДСМ Зоран Заев.

“Избирачкиот список не е прочистен, нема реформи во медиумите. Извршен е државен удар, пржинскиот договор е погребан, техничката влада е укината со сите одлуки на техничките министри. Се помилуваат самите себе, подготвени се за уште една изборна кражба на избори. Груевски ги направи изборите на 5 јуни невозможни, и затоа нема да има избори. Битката за Македонија продолжува, протестите ќе се интензивираат”, рече Заев.  Тој апелира на ненасилство на протестите.