Нема веќе платформи и декларации, само програма за новата влада

0
1264

Зоран Заев, претседателот на СДСМ, во дневникот на Канал 5 посочи дека одбивањето на Иванов да го додели мандатот е голема грешка која ја продлабочи кризата, а се прават злоупотреби со т.н. Тиранска платформа.

– Ставот е јасен, тоа е државен удар да се спречи формирање на влада, но сакаме по мирен пат да ги движиме работите. Постои ветување на албанските партии преточено во декларација за појдовни точки за преговори за влада. Тоа беше поставено пред Груевски, а сега и со СДСМ. Ние објавивме програма на влада и веќе нема партиски програми и декларации. Како би било јас да кажам дека груевски е во Тиранска влада, нема да биде чесно. Затоа го повикувам на дуел заедно со Иванов за да ги разјасниме овие работи пред народот.

Новиот претседател на парламентот ќе му достави допис на Иванов со што ќе започне да тече рокот од 10 дена на конституирање на Собранието.

Важно е да биде човек со капацитет, интегритет и искуство. Сакаме со сите наши партнери да имаме усогласени ставови. Јас сакам новиот претседател на Собранието да има и чуство за потребите на опозицијата и некогаш да прифати и дел од нивните барања, посочи Заев