Нема загинати, ниту повредени македонски државјани во Париз

0
500

Од амбасада на Република Македонија во Париз поврдуват дека во синоќешните напади во главниот град на Франција нема настрадани и повредени македонски граѓани. Оние што како туристи чекале лет за да се вратат во Македонија, успеале да слетаат во Скопје денеска околу 13 часот.

Во амбасадата велат дека се чувствува тензија во Париз, но македонските државјани може слободно да патуваат, аеродромите се отворени, но се засилени контролите. Единствено добиле телефонски повици од сограѓани кои се консултирале дали е безбедно во Париз, дали може да се излезе од границите од Франција, дали летовите се откажани и сл.

Како што веќе информираа од Министерството за надворешни работи, за македонските државјани амбасадата во Париз стои на располагање за секаква помош.

Амбасадата се наоѓа на улица: 21, rue Sebastien Mercier 75015.
Телефони: 331 45 77 10 50, 331 45 77 85 7, 331 45 77 10 73, 331 45 77 89 63.
Мејл: paris@mfa.gov.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY