Немало несогласувања при изборот на Незири за шеф на изборниот штаб

0
226

Наводните судири и несогласувања при изборот на Беким Незири, актуелниот министер за економија, за шеф на Централниот изборен штаб за претстојните избори, според ДУИ, се само клевети и конструкции и „се дел од антиалбанската кампања и анти-ДУИ што се одвива на координиран начин од страна на многу кругови“.

Беким Незири е избран по предлог на претседателот на партијата, Али Ахмети, и со едногласна одлука на централното раководство на ДУИ без никаква контрадикција или двоумење, реагираат од албанската партија на власт

„Пред неколку дена ги предупредивме граѓаните дека во следните месеци, во пресрет на изборите, ќе се одвива една бескрупулозна кампања со клевети и неосновани конструкции, со единствена цел за уништување на успешната политичка организација на Албанците во Македонија. Времето кога другите ги имаат претставено Албанците и ги назначиле нивните предци заврши и нема да се повтори никогаш.. Денес, Албанците се господари на сопствената судбина и нема да дозволат антиалбански кругови да ја диктираат и да ја искористат албанската политика во Македонија“, се вели во партиската реакција./крај/мф/бб