Немам магично стапче, но Македонија треба, мора и ќе има подобро здравство

0
336

Министерот за здравство, Арбен Таравари, на социјалните мрежи пишува дека е загрижувачка високата стапка на смртност кај новороденчињата во Македонија.

„Чувствувам должност, но и одговорност да ви се обратам во врска со најважната битка во нашето здравство. Битка која за жал многу медиуми ја користат за собирање на поени за одредени политички партии но и најпоразително од сѐ, битка која за жал, неуспешно била водена во изминативе 25 години – битката за нашите новороденчиња. Јас, како и никој друг, немам магично стапче. Загрижувачката бројка на смртност кај новороденчињата и мене ме погодува, не само како министер туку и како човек и како родител. Не, јас немам магично стапче. Но, имам волја. Имам упорност. Имам одлучност и најважно од се, сигурност, дека Македонија треба, мора и ќе има подобро здравство. Се додека седам на ова столче, ветувам дека мој приоритет ќе бидат децата бидејќи тие се наша иднина, наша светлина и наша гордост. И оваа битка ќе ја водиме за нив. Бидејќи тоа тие го заслужуваат од нас“- пишува Таравари.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека за една недела неколку детски животи згаснаа поради неспособноста на новата Влада и побараа оставка од Таравари.

Без коментари