Немаме авионска линија Скопје-Подгорица, а зборуваме за регионална соработка

0
431

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески на бизнис форумот во Копаоник укажа на неопходноста од регионална соработка, токму во некои сектори од економијата каде воопшто не е отпочната, информираат од Стопанската комора на Македонија.

„Зборуваме за регионална економска соработка, а уште немаме редовни авионски линии Скопје – Подгорица, Скопје – Сараево, Скопје – Софија, Скопје – Тирана, – истакна Азески.

„Зборуваме дека сме како регион „буре барут“, но некои велат дека не сме „буре барут“, туку дека имаме многу пиромани околу нас. Оваа теза не` оптоварува веќе три децении, а за тоа време странските инвеститори кои работат во регионот на Западен Балкан заработуваат пет пати повеќе отколку во нивните сопствени земји“, вели Азески.

Тој додава дека имајќи ги предвид потенцијалот и големината на земјите од Западен Балкан, мора една од нив да стане лидер на Балканот и да ја повлече економијата на регионот напред.

„Секоја поединечна економија на овие простори има создадено нерамнотежа, која е неодржива на подолг рок, а тоа се гледа не само во односот на приватниот и јавниот сектор, туку и кај потрошувачката и инвестициите. Регионот на Западен Балкан, кој се стреми кон членство во Европската унија, во последните 20 години се промени. Но, од друга страна и Европската унија не е истата од времето кога траеше процесот на придружување на претходните групи земји кои станаа членки на ЕУ,“ изјави Азески.

– See more at: http://emagazin.mk/vesti/vest/20061#sthash.eL6uklYv.dpuf

Без коментари

LEAVE A REPLY