Немаше акција и претреси, туку зголемено присуство на полицијата

0
520
Група на мигранти илегално ја поминала српско македонската граница и тоа го запалило црвеното светло на претпазливост во полицијата. Засилената активност на криумчарските групи е причината зошто полицијата го засилила присуството на северната граница. Министерот за внатрешни Оливер Спасовски негираше дека полицијата спровела акција-не се вршеле претреси по куќи ниту пак бил приведен некој. Северниот дел од земјата била точка каде имало најголем број на илегални премини па и затоа МВР го засилила присуството во овој дел.
Министерот Спасовски ги демантираше информациите дека вооружена група од Косово влегла во земјава.
Патролни единици на полицијата има на потегот од скопско Арачиново до кумановските села Матејче и Никуштак. Според информациите на МВР се прават само рутински контроли на возилата.