Неопходна согласност од сите партии за евентуална средба во Париз

0
167

Евентуалната средба на македонските политички партии во вилата на Жан Моне во Париз треба да биде резултат на нивната подготвеност сите да присуствуваат и да работат заедно за да го изодат патот кон Европската унија. Ако не можат да се договорат, ќе се постави прашањето какво би било местото на Македонија во Унијата, смета францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние.

Тој ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање претпладнево во Битола, каде што учествува на Научен ден посветен на Првата светска војна на тема: „Балкански општества во Првата светска војна“ на кој учествуваат експерти од Франција, Романија, Албанија, Србија и од Македонија.