Неопходно е да се најде излез од политичката криза

0
597

Политичката криза во земјата ги загружува сите и неопходно е да се изнајде излезно решение, порача во неделата амбасадорката на Франција во Македонија, Лоранс Оер.

„Политичката криза во Македонија нé загрижува сите, особено мене затоа што доаѓам од Франција, една од државите основачи на Европската унија. Штета е што на 9-ти мај, кога треба да ја славиме Европа, сме во ситуација кога сме загрижени за Република Македонија и си го поставуваме прашањето како ќе се излезе од кризата. Се прашуваме како на 5-ти јуни би имало избори кога сé уште не се усогогласени условите меѓу политичките партии, листите не се подготвени, и навистина мора да се излезе од оваа криза“, рече амабсадорка Оер.

Амбасадорката престојуваше во неделата Битола, каде на тамошните Француски гробишта се одбележуваше 8-ми Мај, ден кој во Европа се одбележува како датумот кога во 1945 година завршила Втората светска војна.

Без коментари

LEAVE A REPLY