Неопределните 33 отсто граѓани се за промени

0
307

Претседателот на СДСМ и носител на кандидатската листа за пратеници во Изборната единица 4 Зоран Заев од вечерашниот митинг во Свети Николе повика на масовна излезност на претстојните избори. Презентирајќи го Планот за живот во Македонија, апелира, на 11 декември граѓаните, посебно неопределните, да го дадат својот глас за Македонија да добие, како што рече, стабилна, реформска влада.

„Неопределните 33 отсто граѓани се за промени, да уживаме во оваа кампања. Јас уживам во оваа кампања. Сега кога се е јасно, со пола уста ќе зборуваме? Овие 33 отсто кои не се изјаснуваат како ќе гласаат, велат дека Македонија тоне, јасно е дека и тие се за промени, ајде да се изјасниме. Кој ќе ја спаси Македонија“, нагласи Заев.

Тој им порача на земјоделците дека субвенциите им се загарантирани со закон, се осврна на вработените во јавната администрацијата, а зборуваше и за иселувањето пред се на младите.  Ако не се изјасниме, ако не се одважиме, со кого ќе останете да живеете во Македонија, праша Заев на митингот во Свети Николе.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на вечерашниот митинг во Свети Николе оцени дека опозицијата победува на овие избори, но ги повика граѓаните на масовна излезност, за на 11 декември Македонија да добие стабилна, реформска Влада, којашто ќе го спроведе Планот за живот во Македонија.