Неоснован предлогот за импичмент на Иванов

0
533

Со шест гласа „за“ и четири „против“, Комисијата за оценување на основаноста на Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на Претседателот, во понеделник оцени дека предлогот за импичмент на Иванов поднесен од пратениците од опозицијата, не е основан.

 

За таквиот заклучок гласаа пратениците од ВМРО­ДПМНЕ, а против беа членовите од СДСМ и ДУИ.

Без разлика на тоа, иницијативата за импичмент ќе биде разгледана на собраниска седница што треба да се одржи на 13-ти јуни.

На расправата во понеделник пратеничката Рената Дескоска, член на Комисијата за импичмент на Иванов, извештај кој бил воден во таква процедура со апсолутно мнозинство на владејачката партија, не може да биде ништо поголем од тие пет страници, колкав што е изготвениот Извештај. Побара во заклучокот да биде ставен ставот дека иницијативата за одговорност е основана и дека претседателот Иванов го прекршил Законот за помилување и Уставот, како и Собранието да продолжи со постапката за утврдување на одговорност.

„Со одбивањето на мнозинството во Комисијата да се покани Иванов на седница стана беспредметно и други сведоци да се викааат. Не ви требаат визии од гатачки за да донесете заклучок дека Иванов ги прекршил Уставот и Законот за помилување. Треба само да ги погледнете членовите од Уставот. Затоа ние предлагаме во рамките на заклучокот да се стави дека Иницијативата е основана и бараме Собранието да продолжи со постапката за утврдување на одговорност“, рече Дескоска.

Во процедурална забелешка Крсто Муковски од ВМРО-ДПМНЕ порача дека извештајот е сублимат на сѐ што се дискутирало  во изминатите денови за постапката за импичмент и додаде дека поднесокот од опозицијата бил доставен на две и пол страници.

„Врз основа на сите дискусии што ги имавме како пратеници во Комисијата е направен овој извештај како сублимат и на крајот треба да биде ставен заклучокот. Не знам колку страници треба да биде извештајот, но како што видов внатре е опфатено сѐ она што го дискутиравме изминатите денови“, рече Мукоски, нагласувајќи дека извештајот е преголем за поднесокот кој е со таква големина и неаргументираност, и од законска и од уставна рамка.

Тренеска Дескоска рече дека претседателот Иванов не доставил писмено изјаснување за наодите од предлогот за покренување постапка за утврдување на негова одговорност. Додаде дека тој, како и секој граѓанин, може да го користи правото да не даде исказ, но потенцира дека за разлика од кривичната постапка во која молчењето не се користи против лицето, во постaпката за импичмент важи спротивното правило, односно дека треба да биде транспарентен и да ги даде потребните одговори и појаснување.

„Секој претседател кој има аргументи на своја страна би дошол и би ги кажал своите аргументи. Очигледно молчењето на Ѓорге Иванов значи одобрување на нашата иницијатива и немање на аргументи“, рече Тренеска Дескоска.

Освен опозициската СДСМ и владејачката албанска партија ДУИ смета дека иницијативата за одговорност на Иванов е оправдана.

Членот на Комисијата, пратеникот Талат Џафери рече дека помилувањето е донесено во сомнителна постапка и се коси со законсите одредби. Според него, несоодветно и неарументирано е што Иванов донесувајќи ја одлуката посочи дека се водел од интересот на државата и нејзината безбедност, во контекст на мигрантската криза, затоа што кога Иванов ја донел одлуката веќе бил склучен Договорот за надминување на мигрантската криза со пактот ЕУ – Турција.

„Иванов користи одлука на Уставен суд чии судии се поделени . Уставниот суд влегува во работата на законодавството. Оттука цениме дела одлуката на Уставен со која создаваат услови за помилување не држи. Одлуката придонесе да се продлабочи кризата“, рече Џафери.

Потенцира дека одлуката на Иванов придонела за продлабочувањето на кризата во земјава поради што, како што рече, треба да се дебатира за неговата одговорност.

„Фактот што Иванов ја искористи законската можност што му се даде за да ја повлече одлуката говори за неговата одговорност и неговото освестување дека е одговорен за создадената ситуација. Тоа е аргумент плус за да ја поддржиме иницијативата за покренување на политичка одговорност“, рече Џафери.

Во 14 часот, продолжи рапсравата по која треба да се гласа за Извештајот./крај/мф/бб