Непознато лице со битолски автомобил сексуално нападнал прилепчанка

0
1346

На 18.07.2016 година во 09.00 часот во ПС-ОН Прилеп, А. Р. (31) од Прилеп пријавила дека истиот ден околу 03.00 часот непознато машко лице извршило обљуба врз неа. Непознатото лице кое управувало ПМВ непозната марка со битолски регистарски ознаки, ја пресретнало на ул.„11-ти Октомври“ и ја понудило да влезе во возилото. Истата се вознемирила и му рекла да си оди и продолжила пеш кон нејзиниот дом. Сторителот повторно се доближил со возилото до неа и насила ја внел внатре  по што се упатил кон периферијата на градот каде извршил обљуба. Откако ја вратил назад и се заканил дека ќе ја убие ако каже некому или ако пријави во полиција. Над оштетената бил извршен општ и гинеколошки преглед. ПС Прилеп презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.