Неправилното седење и тешките ранци најчеста причина за искривување на рбетот

0
288

Сколиозата и кифозата се искривувања на ’рбетот. Најчесто ги напаѓаат младите тинејџери,вели д-р Маја Каличанин Марковска ортопед од  Аџибадем Систина .Во најмногу случаи причината за овие деформитети не е позната. Се смета дека тие се предизвикани од комбинација на фактори меѓу кои абнормално развивање на коските, меки лигаменти или слаби мускули, или пак проблеми со функцијата на рамнотежата.


-Поради брзиот развој во висина за време на пубертет , аксијалниот скелет брзо расте, долгите коски брзо растат, и тетивниот и мускулниот апарат не може во комплетна мера да постаса на некој начин, и и тогаш се јавуваат деформитети. Тие се јавуваат и во комбинација со неправилно седење и работење. Дури родителите овие деформитети не ги ни забележуваат иако постојано ги гледаат децата. Најчесто се случува деформитетот да биде забележан на систематскиот преглед, но и тогаш поради многу деца што се прегледуваат за за кратко време, многу случаеви се превидени. Затоа треба да се направи еден детален преглед, изјави Д-р Маја Каличанин Марковска, ортопед од Аџибадем Систина.

Проблем правеле и тешките ранци кои што децата ги носат на училиште

-Тие ранци треба да бидат со тежина 10% од тежината на телото. Секое дете не е со иста тежина и со иста висина, па така и физичките способности се различни, а приборот и книгите за сите деца се исти. Оптеретувањето за некои деца е преголемо. Исто така ранецот треба да се носи на двете раменици, а не на едно, исто така децата во клупите седат неправилно,така што сето ова доведува до искривување на рбетот, вели д-р Каличанин Марковска

Методот на лекување сколиоза и кифоза зависи од возраста, периодот на раст,
степенот на искривувањето, болката,функционалната лимитираност и изгледот на ’рбетот.Постои конзервативен и хируршки третман.

– За деформитетите на ’рбетот кои се блиску до или над 45 степени придружени
со болка и нарушување на функционалноста можно е да биде
потребна хируршка интервенција. Целта на оваа операција е да се стабилизира и
исправи ’рбетот. Хирургот ги фузира коските на ’рбетот (прешлените) со
помош на коскени графтови и металн иимпланти.Во одредени случаи, хирурзите
применуваат малку инванзивни техники во хируршкиот третман за стабилизирање
на ’рбетот. Со помош на тенкиот инструмент наречен ендоскоп, тие ги
вметнуваат металните импланти и коскените графтови во ’рбетот низ мали
дупчиња во абдоменот и градите. Со овој пристап инцизијата е помала,
заздравувањето е побрзо и пациентите можат да ја напуштат болницата порано, вели д-р Каличанин Марковска

Корсетите можатда помогнат во процесот на спречувањена прогресијата на искривувањето за време на растењето.Но за да се успеее потребна е голема упорност, и од страна на детето и од страна на родителелот и од страна на лекарот.

-Тоа не е состојба која што може да се третира за една недела или пак за еден месец. Тоа е работа која што бара голема упорност од сите, додава д-р Количанин Марковска

Додека не е завршен растот постојат шанси да се направи корекција. Кога ќе заврши растот состојбата е дефинирана. Тогаш вели др Каличанин Марковска се работи на зајакнување на мускулатурата за да се одржи состојбата. Ако не се работи, состојбата може да прогредира како резултат на стареење.Доколку навремено не се превземаат превентивни мерки, може да дојде до голем деформитет, кој што потоа ќе бара хирурсшки третман, вели д-р Каличанин Марковска