Непроверени козметички салони- ризик за хепатит

0
878

Кој е ризикот од трансмисија на хепатит во козметичките салони и третмани? На оваа тема за прв пат во Македонија Хепар центарот заедно со здружението Хронос од Белград, Србија одржаа семинар за да се запознае јавноста со стигмата која владее во Македонија за луѓето заразени од хепатит и пренесувањето на болеста.

-Владее стигма дека најголем дел од заразените потекнуваат од ризичните групи, луѓе корисници на наркотични средства и машката геј популација. Тука сме да ја побиеме таа стигма. 60% од заразените може да бидат од козметичките третмани, вели Милан Мишковиќ, Хепар Центар Битола.milan

Клиентите се изложени на ризик од заразување со хепатит ако се работи несоодветно и со нестерилна опрема.

-Се проценува дека преваленцата ќе биде поголема за разлика од ризичните групи, затоа се и ови е едукации, вели Мишковиќ.

Едукацијата на овој сектор е многу битна токму од овие причини, велат од здружението Хронос од Србија од каде потенцираат дека заради тоа е битно користењето на услуги од докажани козметички салони кои работат согласно сите стандарди. Во Србија веќе се извршила едукација на 31 салон за козметика.

-Она што се работи во козметичките салони е што постојат инструменти кои се за еднократна употреба, а заради профит тоа така не се користи. Јас ќе им порачам на младите девијчиња< кои надградуваат нокти, прават маникир и педикир, оној момент кога ви ја ставаат надградбата постои можност да се заразите со вирусен хепатит. Водете сметка , мора да се едуцираме, мора да знаеме што правиме, немојте да одите во непроверени салони зашто може да ве чини едно сериозно заболување, изјави Ивана Драгојевиќ, претседател на Хонос, Србија.ivana

Од Хепар центарот рекоа дека со Министерството за здравство работат на изработка на национална стратегија за борба и заштита од хепатитот.