Нереди во Турција по убиството на двајца војници

0
219

Големи нереди избија во повеќе турски градови, откако двајца турски војници загинаа кога курдски бунтовници активираа автомобил бомба во југоисточниот дел на Турција. Повредени се уште четири луѓе. Официјална Анкара оцени дека станува збор за терористички чин, кој, како што најавија, ќе биде најостро казнет.

Кабинетот на гувернерот на провинцијата Дијарбакир соопшти дека автомобилот бомба е активиран во момент кога минувало военото возило на патот кон базата на турската армија. Инцидентот следува само еден ден по воздушните напади на Турција врз позиции на курдските бунтовници  во северен Ирак.