Несоодветната употреба на антибиотик, причина за повторувачки инфекции кај децата

0
1258

Навремено откривање на проблемите со здравјето и времето за лекување на болеста е должност на секој родите. Па често знаат да си го постават прашањето како да се грижиме за здравјето на детето? Одговор на тоа прашање даваат педијатрите. Тие велат дека кај децата најчести се горно-респираторните инфекции, вирусните инфекции, а за овај период од годината најчеста е појавата на варичела

Д-р Фидановски вели дека за нормален развој на имунитетот и отпорност кон инфекциите од голема важност се претходно стекнатите навики во исхраната, односно воспоставен правилен, избалансиран начин на исхрана. Децата вели кои биле доени со мајчино млеко во првите шест месеци од животот, ќе бидат поотпорни на инфекции.

“Правилната исхрана на детето треба да содржи доволно зеленчук, овошје, риба, телешко, пилешко и мисиркино месо, јајца, жита, млеко и млечни производи, најмалку 500 милилитри дневно. Детето треба да има три главни оброци и две ужинки. Да се избегнува додавање сол и шеќер во храната, зачини, сувомеснати производи, пржена храна и храна во која има вештачки бои, ароми и конзерванси. Доењето овозможува правилен развој на мозокот што е предуслов за нормален психомоторен развој на детето. Давање витамин Д во тек на зимските месеци по првата година од животот, а за создавање на подобар имунитет во комбинација со витамин А, популарно наречено рибино масло, го јакне имунитетот. Научно е докажана улогата на витаминот А и во заштита од инфекции. Ако има потреба, во консултација со педијатар, добро е да добива и други витамини, особено во зимскиот период”, вели д-р Фидановски.

Важно е вели д-р Фидановски за каков тип на инфекција станува збор, пред да се пристапи кон лекување, посебно треба да се внимава давањето на антибиотик

Најчест симптом за инфекција е покачена телесна температура кај детето.

Педијатрите велат дека нормално и очекувано е едно дете во просек да има четири полесни респираторни инфекции во тек на една година. За да се намали бројот на инфекции и да се зголеми имунитетот, тие препорачуваат детето да биде физички активно соодветно на возраста.

Д-р Фидановски со совет до родителите :Да се придржуваат до советите за здрава исхрана и витаминска терапија дадени од педијатар , и да се внимава со употреба на антибиотиците, бидејќи еден од главните фактори зошто има повторувачки инфекции е несоодветната употреба на антибиотик .