Нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално можно и невреме

0
147

о поголемиот дел од земјава времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат и поинтензивни со пообилни врнежи, засилен ветер и можна појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 степени, додека дневната ќе биде во интервал од 16 до 28 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 18 и дневна до 25 степени.

УВ индексот ќе изнесува 6.