Нестабилно време

0
505

Попладнево на севрозападот и крајниот исток од земјава имаше нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Дуваше умерен јужен ветер.

На места се уште нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Во текот на ноќта атмосферата ќе се стабилизира.

Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со локален пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Т-мин. од 6 до 12, а т-макс. од 23 до 29 степени.