Нестабилно време со пороен дожд

0
682

Денеска попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град, информираат од Управата за хидрометереологија.

Утре услови за нестабилност со локален пороен дожд и грмежи ќе има во јужните делови од земјата, особено во првата половина од денот. Ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието.
Од утре попладне, па во наредните денови ќе преовладува стабилно и топло време.