Нестабилно време

0
358

Во Македонија во утринските часови денеска ќе имаме нестабилно со врнежи од дожд кои во раните претпладневни часови ќе престануваат и намалување на облачноста.

Но, попладне повторно ќе имаме развој на нестабилност која што ќе услови нестабилно време со локални врнежи од дожд. И денеска во југоисточните предели како и централните предели долж Повадрадието попладне ќе останат без врнежи. Ќе дува доумерен северен и северозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 1 до 10 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 10 односно до 21 степен.

Во петок ќе имаме умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и посвежо време со пад на температурите, утринските од -1 до 7 степени, додека пак максималните дневни ќе бидат од 7 до 18 степени. Во сабота се очекува постудено утро со температури од -2 до 6 степени, во текот на денот претежно сончево со локална облачност и дневни температури од 7 до 18 степени. Во недела и понеделник времето ќе биде со студено утро со утрински температури од -3 до 5 односно од -2 до 6 степени, а во текот на денот ќе биде сончево и многу потопло време со максимални температури кои што ќе го надминат просекот за овој период од годината и ќе се движат во интервал од 11 до 22 односно од 13 до 24 степени.