Невработеноста ќе продолжи да се намалува

0
318

Нови 600 милиони евра субвенции за земјоделците или по 150 милиони евра годишно, најави денеска од Росоман, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Државно субвенционирање на купувањето трактор, 80 процентно субвенционирање на изградба на систем „капка по капка“ и на замена на стадата говеда, вети Груевски, додавајќи дека со високоприносни раси, воведување професионални советници за земјоделците, се само дел од проектите од програмата „Реално“ на кои се осврна Груевски на денешната средба со жителите на Росоман. Тој информира дека граѓаните ќе имаат можност и да ги искористат поволностите од проектот „Од град во село за нов почеток“ при што ќе добиваат субвенции од 6.000 евра за изградба или реконструкција на куќа.

Лидерот на ВМРО истакна дека и покрај тоа што минавме низ светската финансиска криза, која можеби е подзаборавена, но не беше лесен период, сепак успеавме да поминеме низ европската должничка криза, низ новите удари, новите закочувања на извозот, нови закочувања на инвестиции, сепак успеавме успешно да поминеме и минуваме низ домашната политичка криза создадена од СДСМ.

-И покрај тоа и покрај се, успеавме да отвориме нови 160 илјади работни места и сега не работат 560 илјади, туку во Агенцијата за вработување запишани се над 720 илјади вработени. Е тоа е разликата меѓу нас и СДСМ. Тоа е една од главните разлики меѓу нив и меѓу нас. Покажавме дека и во тешки времиња можеме да го остваруваме тоа што е најважно за граѓаните. Во последните две и пол години, време во кое што сме окупирани со политичката криза и хаосот што ни го прави СДСМ, само во овие две и пол години од тие 160 илјади, вработени се 39 илјади односно отворени се нови 39 илјади нови работни места, говореше Груевски.

Без коментари

LEAVE A REPLY