Невреме ја погоди Јагодина, покриви летале од куќите

0
1702

Невремето  во Јагодина, Србија почнало околу 13.30 часот  и траело околу половина час. Летале покриви од куќите, а многу од домовите имаат материјална штета. По невремето во Јагодина останал пустош.

tornado-jagodina-nevreme-pustos-foto-citalac-kurira-1464100748-913641-520x351-300x203

Во радарскиот центар на Бешанија велат дека дејствувале со градобијни ракети, а ситен град паѓал во Чуприја, Јагодина и во околните села. Штетите допрва ќе се сумираат. Снимки од невремето осамнаа на Фејсбук и Твитер. Невреме имало и во други делови на земјата, но со помали размери.