Невреме на Балканот

0
530

Интензивен дожд каков што не се памети во изминатите 30 години, предизвика големи поплави во Задар.

За само три и пол часа наврнале околу 250 литри дожд на метар. Во градот поплавени се болницата, куќи, трговскиот центар, и парковите.

Силниот ветер пропратен со дожд на неколку локации во главниот град на Босна и Херцеговцина, Сараево уриваше стебла и однесе покриви.

Обилниот дожд траеше речиси еден час, а поплавените улици предизвикаа сообраќаен метеж во градот.

Федералниот хидрометеоролошки завод на БиХ издаде портокалово предупредување за појава на засилен ветер.

Невреме вечерва го погоди Белград и повеќе градови во Србија, а во Нови Пазар паѓаше град со големина на орев.

Околу 19 часот невремето зафати поединечни делови од Белград, а температурата на воздухот се намали дури за 10 степени односно од 29 на 19 степени Целзиусови.

Силен ветер дуваше во Крагуевац и во Ниш. Во Прокупље ветерот носеше дрва, а сообраќајот речиси е во целосен прекин.