Невреме на Халкидики

0
2873

Денеска во Халкидики, Грција беснее големо невреме придружено со молњни и поројни дождови кои стигаат и до 100 литри на метар квадратен. Особено е критично на вториот крак, а летувалците на социјалните мрежи постираат фотографии и комплетно опустошени и збришани плажи.

Македонци кои биле на кампување во Каламитци на фејсбук пишуваат дека се добро и дека биле евакуирани, но возилата им се поплавени и немаат како да се вратат во Македонија.

„Започна да врне вчера вечер. Дождот беше силен, но се влеваше се во морето. Околу 11 вечерта надојде бујик вода од планините и почна да носи со себе приколки и шатори. Тогаш мислевме дека е силно, но дека заврши. Околу 4 часот наутро потпорниот ѕид во кампот и почнаа цели реки вода да течат во кампот. Седевме качени на лабавоата во тоалетите и чекавме водата да помине. Колку што знам повредени нема“, вели Христена Антовска Јованчева.

Во македонскиот конзулат во Солун функционира дежурен мобилен телефон 00306987200410 на кој можат да се обратат македонските државјани ако имаат потреба.

http://novatv.mk

Без коментари