Невреме над Балканот, снег во Словенија

0
1958

Лоши временски услови ги погодија и соседните земји. Во Словенија падна снег, во Босна и Херцеговина град со големина на орев.
Студениот бран во Словенија донесе врнежи и ниски температури. На планинскиот врв Кредарица, висок 2.515 метри надморска височина, падна снег во август.

БиХ, пак, во среда попладне беше погодена од невреме проследено со град со големина на орев. Настана голема материјална штета на автомобилите, куќите и полињата, а многу жители останаа и без електрична енергија. Во прекин се и мобилните и фиксните телефонски врски. /крај/дн/ст