Невреме што се случува еднаш во илјада години

0
947

По многуте критики од јавноста зошто немаше предупредување дека ќе не зафати невреме, од Управата за хидрометеоролошки работи со реакција.

Регистрираниот рекорден интензитет на невремето што завчера ја зафати Скопската котлина е со веројатност на појавување од 0,1 отсто или еднаш во илјада години, соопшти  Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според УХМР, невремето траеше пет часа, од 17:20 до 22:10, во два интензивни налета и кратко десет до 20-минутно затишје со послаби врнежи. Вкупната количина врнежи според дождомер изнесува вкупно 92,9 милиметри.

Невремето беше проследено и со многу силен ветер чија брзина во 17:30 часот на Зајчев рид била максимални 22,7 метри во секунда.